-->
-->
Бадел не ја дава шампионската титула
-->
Кошаркарките на Бадел ја одбранија шампионската титула на Македонија откако во финалето од плеј офот ги совладаа кошаркарките на Вардар со 3-0 во победи. Синоќа во третиот натпревар од финалната серија Бадел оствари победа од 73:43. На првите два дуела Бадел победи со 68:45 и 78:45.
Најефикасна на дуелот беше Нена Трајчевска со 17 поени и воедно го доби признанието МВП на финалето, додека Александра Лазаревска постигна 10 поени, двете од редовите на шампионот. Кај Вардар Симона Деловска постигна 13 поени.
За Бадел ова беше четврта титула освоена во серија, а вкупно 12.та. Кошаркарките на Вардар оваа сезона покрај играњето во финалето на плеј офот го освоија пехарот во Купот на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автобус на ЈСП се запали во Бутел
-
Бислимоски: Од 1 август сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто
-
Мицкоски: Ја имаме МАНУ, иднината не е во поделби, туку во обединување
-
Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва
-
Мицкоски: Македонците ќе ги искинат бугарските пасоши првиот ден кога ќе станеме дел од Европската унија
-
Ќе се следи третманот на младиот Леонид во Скопје, вели Таравари
-
Стојановски: Во план е ребалансот на Буџетот да биде донесен во втората недела од август
-
Бектеши ја објави пораката поради која доби кривична пријава