-->
-->
Бачуаи го засилува Челзи
-->
Младиот Белгиец, Мишу Батшуаји (22), во средата е во Лондон и доколку успешно ги мине медицинските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Челзи. Клубот од „Станфорд Бриџ“ за трансферот на еден од најталентираните европски напаѓачи ќе издвои 40 милиони евра.
Батшуаји беше виден најпрвин во Кристал Палас, а потоа и во Тотенхем, откако двата тима на Олимпик Марсеј му понудија 38 милиони евра за 22-годишниот напаѓач, но откако Челзи сумата за обештетување ја заокружи на 40 милиони евра, Белгиецот прифати да се пресели на „Станфорд Бриџ“.
Напаѓачот изминатите две сезони во дресот на Олимпик Марсеј постигнал 35 голови на 78 натпревари во сите натпреварувања.
Батшуаји, кога трансфеот ќе биде официјализиран, ќе стане третото најскапо засилување во историјата на клубот. Челзи повеќе пари има потрошено само на трансферите на Фернандо Торес и Андриј Шевченко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров