„Еден куршум во глава и само потона во вода. Тие обично пред смрт почнуваат да се превртуваат, но овој не направи така, рече таа во интервју за локалните медиуми.
Џуди додаде дека од исчезнувањето на нејзиното мало коњче цело време се сомневала дека токму овој рептил го изел. Нагласила дека нејзиниот коњ бил со големина на лабрадор, па алигаторот можел да го „изеде за ужинка“.
„Обично алигаторите не не вознемируваат, но на овој внимававме“, рече бабата, додавајќи дека планира да го препарира телото на живототното, главата и опашката да ги изложи, а месото да го изеде со своето семејство.
Инаку, во овој округ еднаш годишно е дозволен лов на алигатори, во периодот од 10. до 30. септември, а еден од условите за лов е животното да биде намамено, а потоа убиено.