Балкан
1. February 2017 - 15:01

Баба слушнала врева, отишла во дворот да провери а тогаш доживела сцена како од хорор филм!

Баба Анѓелија Костиќ (75) од селото Деретин ги изгубила сите 32 кокошки со кои го делела животот, осаменоста, среќата и тагата.

Таа живее на 1.280 метри надморска височина, а патиштата кои водат до нејзе се уште се завеани. Пред шест дена, баба Анѓелија, како и секој ден, отишла да ги посети своите "другарки" во кокошарникот, но затекнала сцена како од најкрвавиот хорор филм.

Сите кокошки до една биле мртви, со отсечени глави и испиена крв.

- Ги избугив сите! Многу сум тажна. Одам по дворот, и само тишина. Со нив не бев сама, ги чував и разговарав со нив. Сега немам со кој да зборам. Ме хранеа, ги продавав нивните јајца и така собирав пари да ја платам струјата. Од нив најмногу живеев. Сегу сум сама. Ми остана само еден петел, но ќе отиде негде и не можам да одам да го барам. Не знам кој ми ги закла кокошките. Кога отидов да ги видам сите беа мртви! Има многу снег, не знам дали може некој со кола да дојде или пак можеби со трактор - вели за Ало бабата Анѓелија.

- Сега имам да јадам. Но сметката за струја ми е голема. Не знам како, машина немам, шпоретот е стар, имам тоалет. Не знам што ќе правам сега. Некој да ми даде неколку кокошки, друго не можам ништо. Еднаш од социјално добив еднократна помош од 6.000 динари и тоа е се. Немам јас други приходи. Не можам на 75 години да обработувам земја - вели баба Анѓелија.

Нејзината судбина го погодила и нејзиниот комшија Михајло Пауновиќ толку многу што дури напишал молба да се извести министерот Александар Вулин за нејзината судбина. Михајло вели дека судбината е сурова кон Анѓелија, која живее сама. 

Бабата од Ивањица е одалечена 34 километри, а најблиската продавница до нејзе е во Кушица, одалечена дури 7 километри. Анѓелија е многу тажна, како што изјавил нејзиниот сосед Пауновиќ, вели дека не е во можност да дојде до министерот Александар Вулин кој го моли да и помогне на несреќната баба. Се надева дека ова што го напишал претставува најдобар начин, оваа информација да стигне до министерот.

- Пред шест дена баба Анѓелија подранила да ги посети своите кокошки. Го отворила кокошарникот но ги затекнала сите мртви. Лежеле со отсечени глави и испиена крв. Огромна трагедија ја затекнала оваа баба, без разлика на тоа како ова ќе им звучи на другите - навел загрижениот сосед.

Се огласиле од министерството

- Ќе утврдиме дали бабата има право на пензија, социјална или еднократна помош, од која би можела повторно нешто да почне. Ќе помогнеме и ќе се јавиме во центарот за социјална работа. Често сме во посета на вакви загрозени семејства и луѓе. Можеби веќе се запознаени со случајот на бабата - навеле од министерството.