Македонија
27. March 2024 - 12:23

Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите

Во потрага по поддршката на бизнис секторот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ утрово беше на средба со првиот човек на Стопанската комора. Му ја презентираше програмата, а Азески рече дека она што го видел му изгледало добро, а актуелната опозиција му влева надеж дека евентуалната промена на власта би ја подобрила и комуникацијата меѓу институциите и бизнисот. Сепак, Азески вели дека при изборот кого да поддржи, бизнис секторот оваа година добро ќе размисли.