Свет
19. May 2016 - 12:08

Азербејџански авион се урна во јужен Авганистан

Азербејџански товарен авион се урна вчера во јужната авганистанска провинција Хелманд, при што загинаа седум од вкупно деветте патници, соопштија денеска воздухопловните власти на Азербејџан.

Како што јави ДПА, авионот се урнал вчера во 18:30 часот по локално време, додека полетувал од аеродромот Дуиер во Хелманд, каде е стациониран контингентот на американските и авганистанските воени сили. 

Азербејџанските медиуми јавија дека во авионот имало петмина Азербејџанци, тројца Украинци и еден Узбекистанец. 

Нема информации за состојбата на преживеаните, ниту за причината за несереќата.