Азербејџан започна офанзива во Нагорно Карабах, Ерменија собори три авиони
– Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили започнале офанзива во северните и јужните делови на регионот Нагорно-Карабах и дека биле соборени три авиони на азербејџанските воздухопловни сили.
Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша на Фејсбук дека се водат жестоки борби во северните и јужните делови на Нагорно Карабах и дека непријателот, кој концентрирал големи сили во овие области, започнал офанзива.
Таа исто така наведе дека ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот и дека три авиони на азербејџанското воено воздухопловство се соборени во Нагорно Карабах, пренесе агенцијата ТАСС.
Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно Карабах повторно избија на 27 септември. Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и започнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни објавија жртви, вклучително и цивили
Конфликтот меѓу Баку и Ереван започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах со мнозинство ерменско население прогласи отцепување од Азербејџан.
За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решение на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, Соединетите Американски Држави и Франција.
Ново на Сител
-
Фулам го изненади шампионот
-
Филипче: Нема контраиндикации од руската вакцина, само препорака за претпазливост кај трудници и доилки
-
Кривична пријава за дебранец кој вршел јавен превоз без поседување лиценца
-
10 починати и 333 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
Состојбата на Мицкоски е стабилна, вели Филипче
-
Семејствата на околу 2.000 лица умрени од коронавирус го тужат британскиот премиер Борис Џонсон
-
Рускиот амбасадор во земјава Баздникин нема да се вакцинира со „Спутник V“од првата пратка
-
СДСМ: После сите порази на губитникот Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба