Азербејџан тврди дека ситуацијата е „стабилна“, Ерменците обвинуваат за артилериски напади
Министерството за одбрана на Ерменија тврди дека Азербејџан утрово повторно извршил артилериски напади на Одбранбената војска на Нагорно-Карабах, додека азербејџанската страна наведува дека ситуацијата долж линијата на сударот е „стабилна, но тензична“, пренесува ТАСС.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Азербејџан Вагиф Даргјахли изјави за ТАСС дека во споредба со претходната ноќ и ден, ситуацијата на линијата на фронтот е „релативно мирна“.
- Сепак, напнатост и натаму постои. Изминатата ноќ ерменската страна отвори артилериски оган врз повеќе населени азербејџански места, кои се наоѓаат долж линијата на фронтот. Немаше жртви, вели Даргјахли.
Од друга страна, Ерменија наведува дека азербејџанската страна повторно почнала да бомбардира со артилериски оган позиции на Одбранбената војска на Нагорно-Карабах.
„Непријателот на 3 април во шест часот изутрина го обнови артилериското бомбардирање на позиции на Нагорно-Карабах во јужна насока на линијата на контактот“, наведе ерменското Министерство за одбрана.
Според последните податоци, во судирите убиени се 30 војници. Вкупно 18 ерменски војници загинаа во борбите со војската на Азербејџан во Нагорно-Карабах, изјави синоќа претседателот на Ерменија Серж Саркисјан. Претходно во денот, Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во тие судири убиени се 12 азербејџански војници и соборен е еден воен хеликоптер.
Ново на Сител
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-
Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците
-
Во престрелката во Чаир учествувале повеќе лица, обезбедени се и снимки од видео надзор
-
Ова е убиениот 35-годишник вчера во Чаир, син на поранешен функционер на ДУИ
-
Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат, детали за убиството во Чаир
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште