Азербејџан и Ерменија разменија тела на 200 убиени во Нагорно Карабах
Азербејџан и Ерменија денеска разменија тела на 200 загинати кои се бореа во регионот Нагорно-Карабах, соопштија денеска руските државни медиуми, повикувајќи се на Црвениот крст.
Телата беа разменети во присуство на руските мировници, изјави шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер.
Портпаролот на Црвениот крст, одговорен за конфликтот во Нагорно-Карабах, не го потврди бројот на разменети тела, но рече дека процесот почнал уште минатата недела.
Повеќе од 1.000 лица се убиени во шестнеделниот конфликт меѓу Азербејџан и соседна Ерменија за регионот Нагорно-Карабах. Територијата која веќе 25 години беше контролирана од Ерменците, Обединетите нации ја сметаат за дел од Азербејџан.
Со последната воена офанзива, што почна на 27 септември, Азербејџан оствари значителни територијални придобивки, а како дел од мировниот договор постигнат минатата недела меѓу двете земји и руската страна, Ерменија му отстапи делови од овој регион на Азербејџан.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и неговата сопруга и прв потпретседател Мехрибан Алиева, вчера беа во обиколка на деловите од Нагорно Карабах, јавија азербејџанските државни медиуми.
Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, инаку близок сојузник на Азербејџан, вчера до турскиот Парламент испрати предлог за испраќање турски трупи во Азербејџан за следење на прекинот на огнот во Нагорно-Карабах, јави турската државна агенција Анадолија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица