Автомобил влета во толпа во Берлин, едно лице загина, а 30 се повредени
Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени откако автомобил влета во толпа на луѓе на улица во западниот дел на Берлин во областа Шарлотенбург, соопшти полицијата.
Германскиот јавни сервис јавува дека возилото удрило во толпа на луѓе на улицата Таунциенштрасе во берлинската населба Шарлотенбург. Како што пренесува телевизијата, берлинската полиција соопшти дека 30 лица се повредени, а службите на Итната помош јавила дека најмалку едно лице загинало.
Инцидентот се случил во близина на популарниот трговски булевац Курфурстендам, рече портпаролот на берлинската полиција Мардин Дамс. Тој тодаде дека осомничениот возач е приведен. Не е јасно дали инцидентот е резултат на несреќа или возачот намерно влетал во масата.
Инцидентот се случил во близина на местото на смртоносниот напад од 19 декември 2016 година, кога екстремистот Анис Амри украл камион, го убил возачот, а потоа со него влетал во преполн божиќен базар, при што загинаа 11 лица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите