Македонија
28. July 2019 - 18:51

Автомобил удри жена во гостиварско

На 27.07.2019 околу 21.00 часот на раскрсница помеѓу регионалниот пат Гостивар с.Градец со локалниот пат за с.Дебреше се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Фолксваген Венто“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ќ.Р(64) од Гостивар удрило во С.И(61) од село Дебраште. С.И. била пренесена во Медициснки центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Извршен увид од екипа на СВР Тетово.