Автомобил удри во метална канделабра во Ѓорче - шест лица повредени
Синоќа околу 1 часот и 20 минути пополноќ на улицата “Ѓорче Петров“ после крстосницата со улица “Васил Иљоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мини Купер“ со скопски регистерски таблици управувано од 25-годишната Е.М. од Скопје и патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од 18-годишниот А.А. од Скопје.
По ударот, возилото “Сеат Алтеа“ излетало надвор од коловозот и удрило во металната канделабра за улично осветлување. Од сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила возачот Е.М. која била пренесена во Комплекот клиники “Мајка Тереза“ и истата била задржана за понатамошно лекување, додека пак возачот А.А. се здобил со телесни повреди.
Исто така, со телесни повреди се здобиле и сопатникот од возилото “Мини Купер“ Д.С.(25) од Скопје, како и сопатниците од возилото “Сеат Алтеа“ - Б.В.(20), Џ.С.(29) и А.А.(24).
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците