-->
-->
Автомобил на МВР во обид да избегне сообраќајка се заби во ограда, повредени двајца
-->
На 27.06.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“, патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, при обид да избегне судир со друго возило, изгубило контрола и удрило во ограда помеѓу коловозните ленти, соопшти МВР.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот, исто така, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Берово и полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите