-->
-->
Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга
-->
Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема.
Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга.
- Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.
По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВРЕДИ на итна средба
-
Дали за ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е прифатливо Таравари да остане во владата, ако излезе од ВРЕДИ?
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија