Автобуски постојки околу училиштата за поголема безбедност на средношколците во Струмица
- Општина Струмица да обезбеди техничка документација за поставување автобуски стојалишта околу средните училишта, а од страна на полицијата да се врши зачестена контрола на местата со поголема фреквенција во сообраќајот во периодот на започнување и завршување на наставата, е еден од заклучоците на Советодавната група на граѓани со поддршка на Локалниот совет за превенција.
Граѓаните бараат и повремени контроли на возилата со кои се превезуваат учениците со цел да се решаваат идентификуваните проблеми и прашања за зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно на учениците од средните училишта во Струмица.
На работната средба присуствуваа претставници од општина Струмица, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Испитниот центар за возачи, сообраќајни инженери и инспектори и претставници од средните општински училишта.
Иницијативата за работната средба произлезе од едукативните предавања реализирани во средните општински училишта и од интересот за поголема безбедност на учениците во организираниот училишен превоз.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман