Австрискиот канцелар најавува „Маршалов план“ за Африка
Австрискиот канцелар Кристијан Керн, на чија иницијатива денеска во Виена се одржува Самит за бегалската криза, изјави дека целта на овие разговори, во кои учествуваат високи претставници на ЕУ, е да се „забрзаат“ напорите за решавање на најлошата мигранстка криза во Европа од 1945 година.
Керн пред почетокот на Самитот во интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ истакна дека тоа вклучува „масовно подобрување“ на заштитата на надворешните граници на ЕУ, поголеми напори околу грижата за бегалците во регионот од кој тие доаѓаат и „Маршалов план“ за Африка.
- Моментно постојат повеќе индивидуални мерки, но не и заедничка европска линија, нагласи австрискиот канцелар.
Инаку „Маршаловиот план“, наречен План за европска обнова, бил американски план за обнова на повоена Европа по Втората светска војна, а задачата за изработка на планот ја добил Џорџ Маршал и неговите колеги од Стејт департментот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик