Австриската екстремна десница се заканува со „народно востание“
Лидерот на опозициската екстремно десничарска Слободарска партија на Австрија (ФПО), Хајнц-Кристијан Штраке се закани со „народно востание“, чија цел ќе биде да се изврши притисок за оставка на австриската Влада на канцеларот Вернер Фајман.
- Имаме вонредна сосотјба во државата, при што Владата се става над законите. Фајман сам себе си се овласти да ги стави вон сила важечките закони, за да живее во неговата култура на добредојдени (бегалци), нагласи Штраке во интеррвју за денешниот број на весникот „Естерајх“.
Тој го обвини Фајман дека не ги штити државните граници и ги крши законите со тоа што дозвиолил влез на голем број бегалци, со што, спред него, е создаден имиграциски хаос, кој ќе ја чини државата 12 милијарди евра.
- Да сум јас претседател на Австрија никогаш не би му дозволил на Фајман уште еднаш да ја зазема канцеларската функција, додаде Шрраке.
Тој нагласи дека во вакви услови логично е да се очекува „народно востание“ со постојани демонстрации на улиците, со цел да се изврши притисок врз Владата да поднесе оставка и да распише предвремени избори.
Штарке, чија партија со месеци бара целосно затворање на австриските граници за прием на нови бегалци, неодамна на еден партиски собир го оквалификува канцеларот Фајман како „државен непријател“, затоа што, според него, ја следи политиката на германската канцеларка Ангела Меркел за „отвортени врати“ за имигрантите.
Ново на Сител
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска