Свет
10. January 2017 - 10:59

Австрија испрати полицајци на српско-бугарската граница

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка испрати денеска 20 полицајци кои ќе учествуваат во набљудување на српско-бугарската граница.

Затворањето на балканската рута и натаму е од централно значење за надминување на бегалската ситуација, се наведува во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи.

- Сакаме на балканските земји и понатаму да им бидеме доверлив партнер и ги поддржуваме да остане затворена балканската рута, истакна Соботка.

Според него, бидејќи затворањето на балканската рута е многу важно за надминување на бегалскиот предизвик, тогаш е неопходен солидарен придонес од европските земји.