Австралискиот премиер ѝ се извини на жена која тврди дека била силувана во парламентот
Австралискиот премиер Скот Морисон денес и се извини на жена која тврди дека била силувана во парламентот пред две години.
Миорисон се извини за начинот на кој во тоа време се водеше нејзината тужба и нареди истрага за културата на работното опкружување во државните институции.
Бритни Хигинс во понеделникот за Интернет порталот Канал 10 изјави дека била силувана во канцеларијата на актуелната министерка за одбрана Линда Рејнолдс во март 2019 година од неименуван колега, кој работел и за владејачката Либерална партија на Морисон.
Таа рече дека разговарала со полицијата на почетокот на април истата година, но дека решила да не поднесе официјална тужба поради загриженост дека тоа ќе и наштети на нејзината кариера.
Жената изјавила дека се плаши дека ќе ја изгуби работата по инцидентот во 2019 година и дека нема многу поддршка од газдите, пренесува Би-Би-Си.
Полициската истрага за нејзините наводи сега е повторно отворена.
„Се надевам дека повикот на Бритни Хигинс е повик за будење за сите нас“, изјави денеска Морисон пред новинарите.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана