Австралискиот мегапожар ставен под контрола по повеќе од 10 недели
Австралискиот мегапожар, што беснее веќе 10 недели, конечно е ставен под контрола, соопштија денеска пожарникарите од Нов Јужен Велс.
Пожарот во планините Гросперс почна со удар на гром, на 28 октомври, и зафати повеќе од половина милион хектари на северозападот од Сиднеј. Потоа тој се прошири и на делови од националниот парк „Сини планини“, на западот од Сиднеј.
Гаснењето на пожарот траеше подолго бидејќи не можеше да се запре поради временските услови, соопшти пожарникарската служба, предупредувајќи дека се уште се останати неколку месеци од сезоната на пожари и површини што можат да горат.
Властите во австралиската југоисточна држава Викторија денеска соопштија за смртта на пожарникар заради што вкупниот број на луѓе кои погинаа ширум континетот во сезоната на пожари се зголеми на 27.
Илјадници луѓе станаа бездомници откако чудовишните пожари ширум земјата опустошија повеќе од 10,3 милиони хектари земја, оставајќи зад себе спржена земја со површина на Јужна Кореја.
Еколозите од Универзитетот во Сиднеј проценуваат дека во пожарите настрадале или се повредени дури милијарда животни.
Ново на Сител
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо