Loading Video...
Свет
9. January 2022 - 16:34

Австралиската Влада не му дала гаранција на Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинското ослободување

Австралиската Влада не му дала гаранција на Новак Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинското ослободување без вакцинација против Ковид-19 за влез во земјата. 

Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ соопшти дека српскиот тенисер имал само проценка дека тој ги исполнува условите за влез во земјата.

Во поднесокот до судот, објавен синоќа, се вели дека “неговото таканаречено медицинско ослободување ќе биде прифатено“, но неговите одговори може да бидат испитани и проверени по неговото пристигнување во Австралија. Ѓоковиќ на полноќ по македонско време очекува одлука околу неговата жалба за депортација.