Австралија: Премиерот Морисон распиша избори за 21 мај
Австралискиот премиер Скот Морисон распиша општи избори за 21 мај, на кои кампањата ќе се заснова на главните теми, вклучително и економското влијание на Кина, климатските промени и пандемијата на Ковид-19.
Морисон го повика генералниот гувернер на Австралија, кој е и претставник на кралицата Елизабета Втора, да го потврди датумот на изборите.
Конзервативната коалиција на Морисон ќе се обиде да се избори за четврти тригодишен мандат.
Тој ги повика гласачите да се држат до владата која остварила добри резултати во борбата против пандемијата на коронавирусот и да не ризикуваат со опозициската Лабуристичка партија.
– На овие избори ќе избирате меѓу влада што ја познавате и која успешно ги извршила своите должности и лабуристичката опозиција што не ја познавате, истакна Морисон.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење