Loading Video...
Фудбал
30. November 2022 - 18:12

Австралија по Франција e вториот патник од групата Д осминафиналето на Мундијалот

Репрезентацијата на Австралија го освои 2.место во Д групата, со што и се приклучи на Франција меѓу шеснаесетте најдобри од оваа конкуренција. 
 
Во директната пресметка Австралија со голот на Метју Леки во 60-тата минута ја победи Данска минимално со 1:0, па популарните „кенгури“ завршија за „Триколорите“ кои и пред третата рунда го имаа обезбедено своето место во  осминафиналето. 
 
Тунис иако славеше со 1:0 против Францизите сепак заврши како трето пласиран во оваа гриупа, а заердно со Данска го завршија својот настап на Мундијалот.

Сега, Франција и Австралија ќе ги исчекуваат дуелите од вечерашните средби во Ц групата, во која сите четири репрезентации имаат шанси за првите две позиции и пласман во осминафиналето.