Австралија опен 2024 ќе почне во недела и ќе трае 15 дена
Првиот Грен слем во сезоната, Австралија опен, следната година ќе започне во недела и за прв пат ќе се игра во текот на 15 дена наместо 14 за да се избегнат ноќните натпревари кои завршуваат во раните утрински часови, објавија организаторите.
Ноќните натпревари кои траат до раните утрински часови се вообичаени на првиот Грен слем во сезоната, а Британецот Енди Мареј, кој оваа година играше против локалниот тенисер Танаси Кокинакис до четири часот наутро, го опиша мечот како „фарса“.
Организаторите тврдат дека податоците покажуваат дека натпреварите сега траат подолго и дека преминувањето на почеток во недела од понеделник ќе помогне да се намали притисокот врз играчите и навивачите.
„Ги слушавме повратните информации од играчите и навивачите и сме возбудени што ќе понудиме решение за намалување на доцните завршетоци додека продолжуваме да обезбедуваме фер и правичен распоред на терените на стадионот“, рече директорот на турнирот, Крег Тајли.
„Тоа ќе го постигнеме со воведување на дополнителен ден, што ќе придонесе за подобар распоред за навивачите и играчите“, додаде тој.
Ролан Гарос исто така трае 15 дена, додека УС опен и Вимблдон се 14-дневни турнири.
Неделниот почеток во Мелбурн значи дека бројот на натпревари на трите главни терени ќе се зголеми од 47 на 52. Ноќните сесии сепак ќе вклучуваат најмалку два натпревара.
Дневната сесија во „Род Лејвер“ и „Маргарет Корт“ арените ќе има најмалку два натпревара за ограничување на доцните завршувања. Распоредот во „Џон Кејн“ арената останува ист.
Отвореното првенство на Австралија во 2024 година започнува на 14 јануари и ќе трае до 28 истиот месец.
Ново на Сител
-
Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива
-
Барселона доби одобрение од Ла Лига да ги регистрира Олмо и Пау Виктор
-
Ристески: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со 20 000 евра
-
Прегазен пешак во Скопје, сторителот избегал
-
Пиротехника пронајдена кај двајца малолетни Шпанци на скопскиот аеродром
-
Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
-
Политичката криза во Јужна Кореја се продлабочува по обидот за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол
-
Руски авион принудно слета во Египет поради дефект на моторот