Аврамопулос: Грција заради бегалците набрзо ќе се соочи со хуманитарна криза
Еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, вчера предупреди дека Грција, заради приливот бегалци, набрзо ќе се соочи со хуманитарна криза доколку во следните денови „сите страни не ја преземат својата одговорност“.
- Веќе нема цел да се обвинуваме едни со други. Едноставно мораме да сториме се што е можно за да ја контролираме ситуацијата, рече Аврамопулос во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.
Аврамопулос повика на примена на спогодбата што во ноември минатата година ја постинаа Брисел и Анкара за забавување на приливот на мигранти и ги осуди „едностраните потези“ на одделни земји, како што се воведувањето погранични контроли и тоа што Виена го ограничи бројот за прием на азиланти.
- Времето веќе не е на наша страна, истакна Аврамопулос во пресрет на клучниот состанок на лидерите на ЕУ и Турција, на 7 март.
„Катимерини“, повикувајќи се на изјава на неименуван европски претставник, пишува и дека Европската комисија подготвува пакет мерки што ќе биде активиран во случај на хуманитарна криза во Грција или некоја друга земја долж „балканската рута“.
Овие мерки, според наводите на претставникот на ЕУ, подразбираат финансирање на меѓународната организација која ќе воспостави бегалски камп, како и ваучери за бегалците за добивање храна и сместување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети