Македонија
6. April 2016 - 15:58

Аврамопулос: Договорот меѓу ЕУ и Турција ги покажува првите резултати

Европскиот комесар за бегалци Димитрис Аврамопулос денеска, откако првите илегални мигранти се вратени во Турција, изјави дека договорот на Европска унија со Анкара „ги покажува првите резултати“ и дека „со текот на времето ќе биде се поуспешен“.

- Само што почнавме, бројките се уште се мали. Подобро е да се почне полека, па со текот на времето да се зголемува бројот на вратени во Турција, посочи Аврамопулос.

Аврамопулос претходно во Анкара побара Турција да воведе правна заштита на азилантите, пред ЕУ да ги враќа од Грција.