АВМУ: Вестите за ДИК најзастапени пред почетокот на изборната кампања
Завршните организациски работи што ги спроведе Државната изборна комисија пред почетокот на изборната кампања биле најзастапени во новинарските вести и извештаи во периодот од 16-ти до 24 септември, покажуваат наодите од мониторингот на медиумско известување што го спроведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Од Агенцијата попладнево соопштија дека во овој период МРТ 1 не ја следеле одредбата од своите правила за медиумско покривање на локалните избори, според кои во вестите до почетокот на изборната кампања ќе обезбеди избалансираност во известувањето за активностите на политичките партии од власта и од опозицијата што се претставени во Собранието на Република Македонија.
ТВ Нова и ТВ Алфа, иако во помал обем, останале фокусирани на информациите за активностите на најголемата опозициска партија, а Радио Слободна Македонија ја репризирала емисијата „Земјо македонска“ која, како што наведуваат од Агенцијата, изобилува со вулгарен и непристоен речник, односно е во спротивност со професионалното начело за негување и развој на хуманите и моралните вредности на човекот и за заштита на приватноста и достоинството на личноста.
Во соопшттението се наведува дека во овој период извештаите за учеството на Генералното собрание на Обединетите нации и извештаите за отчетите на одделни министерства ја ставиле македонската Влада меѓу најзастапените субјекти во централните изданија на радио и телевизиските дневници, а од другите политички теми се издвоила и парламентарната расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.
Целиот извештај е достапен на веб-страницата на Агенцијата www.avmu.mk.
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир