АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до 8 февруари
Радијата можат да пријават емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок (8 февруари).
Советот на АВМУ на вчерашната седница донел насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.
– За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно а музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместот за дозвола. Минималното намалување на надоместот по тој основ може да биде 10 проценти, а максималното 30 проценти, соопшти денеска АВМУ.
Радио програмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30 проценти музика на македонски јазик и на јазицире на етничките заедници, но намалувањето на надоместот за дозвола ќе биде 30 проценти.
Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на contac@avmu.mk или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на веб страниата www.avmu.mk.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени