АВМУ: Прекршочни постапки против телевизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“
Прекршочни постапки против телевиизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ поведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиврз (АВМУ) основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.
Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на Локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.
ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава.
Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ