-->
-->
АВМУ: Нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи
-->
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашните протести против пресудата за случајот „Монструм“.
– Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи, се наведува во денешното соопштение од АВМУ.
Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес.
-->
-->
-->