Авионско прскање против комарци во Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица од годинава освен теристичко ќе врши и воздушно прскање против комарци. Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, општината ќе направи се што е според прописите од надлежните за да не се дозволи да се повтори минатогодишната слика со наездата од комарци.
- Ние спроведовме јавна набавка за третирање на комарците, ако претходната година тоа го правевме само на живи комарци, оваа година ќе правиме и ларвицидно прскање. Ќе имаме три прскања, а согласно со потребите, планираме да направиме и воздушно прскање, бидејќи минатата година имавме големи проблеми со комарците, рече Митевски.
Општина Македонска Каменица ја заврши јавната набавка за ларвицидно прскање и има потпишано договор со Центарот за јавно здравје од Кочани. За аеропсркање против комарци, градоначалникот Митевски најави уште една јавна набавка.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели