Авионски напад врз воздухопловната база „Ватија“ на Меѓународно признатата либиска Влада, напаѓачите засега непознати
Воздухопловната база „Ватија“, што во мај повторно ја освоија силите на Меѓународно признатата либиска Влада со седиште во Триполи, ноќеска е нападната од воздух, а засега не е познато на чии вооружени сили им припаѓале авионите што го извршија нападот.
Британските медиуми јавуваат дека неименуван извор од Либиската национална армија (ЛНА), под команда на генералот Калиф Хафтар, изјавил дека нападот бил извршен од „непознати авиони“, а жител на блискиот град Зинтан кажал дека од базата се слушнале експлозии.
Повторното освојување на базата, што дојде со значајна воена поддршка од Турција, го означи ненадејниот крај на 14-месечната офанзива на Либиската национална армија врз Триполи, потсетија британските медиуми, за која додаваат дека е поддржана од Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис