Фудбал
19. October 2016 - 16:13

Авионот со фудбалерите на Фенербахче принудно слета во Унгарија

 
 Авионот во кој се наоѓаше експедиција на ФК Фенербахче, принудно слета на аеродромот во Будимпешта, соопшти турската телевизија НТВ.
 
Фудбалерите на турскиот клуб тргнаа кон Манчестер, каде утревечер треба да играат натпревар од третото коло од Лига Европа против Јунајтед.
 
Сепак, пилотот решил да слета во Унгарија, бидејќи забележал една пукнатина на шофершајбната. Се претпоставува дека авионот удрил во птици.