Балкан
24. January 2016 - 13:45

Авион на „Туркиш ерлајнс" принудно слета во Ирска поради закана од експлозија

Боинг-777 на компанијата „Туркиш ерлајнс" кој леташе од Хјустон за Истанбул, мораше принудно да слета на аеродромот во ирскиот град Шенон поради добиена закана од експлозија на авионот, јави ТАСС, повикувајќи се на интернет порталот „Ерлајв".

Во авионот бил пронајден сомнителен предмет. Детали за инцидентот засега не се објавени.