-->
-->
„Ауфвидерзен“ Дирк......
-->
„Ова е крајот, но...“. Вака одговорил Дирк Новицки на новинарско прашање дали натпреварот со Шпанија на Евробаскетот е неговиот последен во дресот на репрезентацијата.
Германија во драматичен меч загуби од Шпанија со 76:77 и го заврши настапот на ЕП уште во првата фаза, а еден од најдобрите европски играчи на сите времиња на крајот доби стоечки овации од навивачите по што не можеше да ги скрие солзите.
„Благодарен сум и на публиката. Знам дека не одиграв на овој турнир на она ниво на кој сите очекуваа и како што и самиот очекував. Благодарам поради поддршката, за скандирањето на моето име, тоа многу ми значи. Беше емотивно. Фантастичен момент во мојата кариера, ова нема никогаш да го заборавам“, рекол Новицки.
На крајот Диркенштајн одиворил и на прашањето дали тука ја зарши репрезентативната кариера.
„Мислев дека е така, но сега разбрав дека можеби ќе добиеме специјална покана за настап на предолимпискиот турнир. Ќе мора да сочекам, да видам дали наредното лето ќе се собереме повоторно. Што се однесува до мене, ова е крајот. Поради тоа бев емотивен, бев исцеден и разочаран што не минавме понатаму“, дополнил Новицки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка