Loading Video...
Фудбал
12. April 2021 - 12:05

Атлетико Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига

Од фудбалот. Екипата на Атлетико Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига, но битката за титулата станува се по неизвесна
 
Фудбалерите на Атлетико Мадрид се вратија на првото место на табелата во фудбалскиот шампионат на Шпанија. 
 
Популарните „јорганџии“ одиграа нерешено 1:1 на тешкото гостување во Севиља, со екипата на Реал Бетис. 
 
Двата гола беа постигнати во првите дваесет минути. Гостите од Мадрид поведоа уште во петата минута со голот на Караско, а Бетис израмни преку Тељо во 20-тата минута. 
 
Сега Атлетико има 67 бодови, само еден повеќе од градскиот ривал Реал кој е на второто место, додека трето пласираната Барселона заостанува два бодови зад лидерот. 
 
Моменталната состојба на табелата најавува и супер интересна завршница на првенството во Шпанија, во кое остануваат уште шест кола до крајот.