-->
-->
Атлетико Мадрид се вклучува во битката за Батшуаи
-->
Белгискиот напаѓач Миши Батшуаи е во видното поле на носителот на трофејот во Лига Европа, Атлетико Мадрид, соопштува француското издание „Екип“.
Од Челзи не сакаат да го продаваат Батшуаи и преферираат да го даде на заем за една година, а друг шпански клуб - Валенсија го сака фудбалерот на изнајмување со опција за купување.
Интерес кон Батшуаи има и од Борусија Дортмунд, каде 24-годишниот Белгиец ја помина втората половина на минатата сезона.
Челзи плати 33 милиони фунти на Олимпик Марсеј за Батшуаи во летото 2016 година, но фудбалерот засега не ги оправдува очекувањата. Тој има вкупно седум гола за сезона и половина во англиската Премиер лига, но покажа добра форма на „Сигнал Идуна Парк“, каде реализираше седум погодоци во 10 средби во Бундес лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја