Фудбал
16. March 2016 - 8:27

Атлетико и Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампиони

 Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
 
На дуелот во Мадрид, Атлетико и ПСВ одиграа без голови идентично како и на првата средба во Ајндховен, па по пенал „рулетот„  повеќе среќа, но и нерви имаа домашните фудбалери кои со конечни 8:7 стигнаа до победа вредна четвртфинале.
 
Во Манчестер популарните „граѓани“ одиграа 0:0 против Динамо од кој и во Киев беа подобри со 3:1, па томку таа победа ги одведе до осумте најдобри.
 
Со тоа,  Атлетико и Манчестер Сити им се приклучија на: Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика и Париз Сен Жермен во четвртфиналето.
 
Кои ќе бидат последните две екипи кои ќе се вбројат меѓу осумте најдобри ќе дознаеме вечерва по реванш дуелите меѓу
Барселона и Арсенал во кој шпанскиот шампион ќе започне со предност од 2:0 остварена на првиот меч во Лондон, односно дуелиот Баерн Минхен – Јувентус кој ќе започне со 2:2 од првиот меч во Торино.