Балкан
30. May 2018 - 13:43

Атина на нозе: Почна нов генерален штрајк поради мерките за штедење

Во Грција денеска почна генерален штрајк во знак на протест против новиот бран мерки за штедење кој е најавен за престојното лето.

Поради штрајкот веќе се создадоа големи редици на граничните премини во Грција, а планирани е учесниците на протестот да маршираат по централните улици на Атина.

Штрајкот почна во 10 часот по локално време

Откажани се бројни авионски летови, како и тргнувањето на бродовите и возовите, а отежнат е и јавниот сообраќај, пренесува Катимерини.

Грците стапија во генерален штрајк на стартот на туристичката сезона на повик на Генералната конфедерација на работниците на Грција (GSEE) и најголемата синдикална организација АДЕДИ.

Од почетокот на кризата во 2009 година, Грција доби 260 милијарди позајмица за помош во замена за имплементација на мерките за штедење во јавниот сектор, но и намалување на пензиите и зголемување на даноците.