Македонија
16. March 2018 - 13:33

Атанасов: Нема отстапувања во составот на чоколадите за деца

Неофицијална изјава, базирана на неофицијални податоци, вака денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов ја нарече вчерашната информација што ја сподели универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ, дека во чоколадите за деца на македонскиот пазар нема млеко и какао.

- Не сакам да коментирам неофицијални изјави, базирани на неофицијални податоци. Според Законот, ако имало отстапувања кај производите, лабораториите се должни во рок од 24 часа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство, ние такви известувања немаме добиено. Тоа е официјалниот став, потенцира Атанасов на прес-конференција.

Производите се испитуваат и според проценките на ризик, нагласи, такви отстапувања нема.