Атанас Костовски со награда за животно дело
Атанас Костовски, легендарниот македонски коментатор кој со години ги следеше настапите на македонските спортисти и ги пренесуваше натпреварите на телевизиските екрани доби награда за животно дело од страна на Фудбалската федерација на Македонија.
Осумдесет и две годишниот Костовски целиот свој работен век го мина во Македонската Радио Телевизија.
Добивајќи го признанието на манифестацијата „Најдобри во македонскиот фудбал“, популарниот Таско истакна дека му е чест што добива награда за животно дело, а истовремено посака пласман на ЕП 2020 на Македонија.
Искрено се заблагодари на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
„Не добив ваква награда во времето на Иванов, Арнаудов, Хаџиристески и Ѓорѓиоски. Благодарам Мети. Никогаш не е доцна за награда. Ви посакувам македонска европска, 2020 година. Посакувам сите мои колеги од јавниот ТВ сервис и од комерцијалните телевизии да имаат таква можност каква што сум имал јас. Да известуваат и коментираат кога нашата репрезентација ќе биде на Европско првенство и тоа на македонски јазик. Тогаш коментаторите остануваат засекогаш запаметени.“, изјави Костовски.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата