АстраЗенека ги продолжи тестирањата на вакцината против Ковид-19
Фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд продолжија со клинички испитувања на вакцина против коронавирус, откако тестовите беа запрени поради болест кај еден од волонтерите, соопшти компанијата.
„Клиничките испитувања на вакцината за коронавирус AZD1222 се обновени во Велика Британија откако добија потврда од Агенцијата за лекови и здравствени производи (МХРА) дека е безбедно да продолжат испитувањата“, се вели во соопштението на Универзитетот во Оксфорд.
Сепак, АстраЗенека и Универзитетот не откриваат детали за медицинската дијагноза на болниот доброволец.
На 6 септември беа запрени тестирањата на вакцината за коронавирус на фармацевтската компанија и универзитетот во сите земји во светот, со цел да може да се спроведе независна истрага за болеста на волонтерот врз кого беше тестирана вакцината.
Претставниците на компанијата не прецизираа што се случило со волонтерот и колку тоа би влијаело на понатамошниот тек на клиничките испитувања. Извор на „Њујорк Тајмс“ тврди дека станува збор за трансверзален миелитис – акутно воспаление на ‘рбетниот мозок, кое понекогаш се јавува кај вирусни инфекции.
Откако ја испитале состојбата и медицинската евиденција на пациентот, британските научници дошле до заклучок дека тестирањето може безбедно да продолжи.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект