-->
-->
Астон Мартин ќе поднесе жалба до ФИА за дисквалификацијата на Фетел
-->
Раководството на Формула 1 тимот Астон Мартин планира да поднесе жалба за суспензијата на Себастијан Фетел, кој го загуби второто место на трката на ГН на Унгарија.
Астон Мартин ја извести ФИА за намерата да поднесе жалба. По известувањето, тимот има 96 часа за формално да ги потврди своите намери.
По завршувањето на вчерашната трка во Будимпешта, техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, успеа да извлече само 0,3 литри гориво од резервоарот на болидот, додека според прописите, мора да се обезбеди најмалку еден литар бензин за контрола.
Според пресметките на надлежните во Астон Мартин, во болидот на Германецот би требало да има 1,44 литри гориво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи