Македонија
23. January 2021 - 16:54

АСОМ: Законските измени ќе ги затворат обложувалниците и 8.000 работници ќе останат на улица

Клуч на врата на сите обложувалници ако се донесе предложениот Закон за игри на среќа, со кој деловните субјекти  треба да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата и високообразовните институции. За  Асоцијацијата на обложувалници измените се неприфатливи, сметаат дека ќе се затавори цела индустрија, и преку ноќ без работа ќе останат 8.000 вработени. На тој начин ќе се  отвори патот за  нелегално обложување  и сива економија

 Нејасно е дали Владата сака од целосно регулиран пазар кој сега го имаме, да направи нерегулиран бидејќи ефектот од законот ќе биде токму тој. Затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето. Играчите ќе бараат алтернативни начини, а обложувањето ќе се префли на нелегални локации. Така државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците, изјави Васко Илијовски, Асоцијација на спортски обложувалници.

Од министерството за финансии , како предлагач на законот велат, амо се најавени измените, а сите засегнати можат да дадат свои предлози и забелешки. Се носи затоа што штетно влија врз младата популација,и  има негативни импликации врз буџетот. Сега, со една лиценца прередувачите на игри на среќа можат да отворат неограничен број на деловни простории, односно уплатни – исплатни места, со што  трпат приходите во буџетот.

Инаку ова ќе биде втор обид да се донесат законските измени, откако првиот во 2019 та година, не успеа. Предлагач беше пратеничката група на ДУИ, кои сметаат дека достапноста на обложувалниците влијае младите да се стекнат со лоши и несоодветни навики. Од АСОМ пак предлагаат – тројно повисоки казни за оние кои ќе дозволат влез на лица помлади од 18 години. Бараат итен состанок за надлежните, за заедно да донесат предлог прифатлив за сите страни. Напоменуваат дека годишно во буџетот од  обложувалниците се слеваат 250 милиони евра.