Македонија
23. јуни 2017 - 16:06

Асфалтиран крак од улицата „Црноречка“ во Кавадарци

Асфалтиран е крак од улицата „Црноречка“ која се спојува со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, соопшти општина Кавадарци.

- Општина Кавадарци во овој проект вложи 1.200.000 денари, пари од оперативниот буџет, предвидени во програмата за комунална изградба, соопшти службата за односи со јавност во општина Кавадарци. 

​Оттаму нагласуваат дека интензивно се работи и на други проекти од инфраструктурата.