Асани на Самит за железници во Прага
Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура – Скопје, Ирфан Асани, учествуваше на шестиот меѓународен Самит за железници, што се одржа во изминатите два дена во Прага.
- Асани оствари средби со делегати и експерти на консултативни состаноци, а присуствуваше и на сесии на конференцијата на кои излагања имаа претставници од Меѓународната унија на железници, Директоратот за мобилност при Европската Комисија, Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании и Агенцијата за железници при ЕУ, соопшти ЈП МЖ Инфраструктура.
Самитот беше посветен на развивање на железничката инфраструктура и транспортот по железница со цел поголема поврзаност, мобилност и соработка, развојот на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) како и на справување со предизвиците за подобрување на искуствата на патниците и задоволство кај клиентите – корисници на железнички услуги.
Ново на Сител
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина
-
Преглед на вестите од светот