Свет
19. November 2015 - 10:21

Асад: Путин е единствен заштитник на Христијаните

Сирискиот претседател Башар ал Асад смета дека рускиот претседател Владимир Путин е единствен заштитник на христијанската цивилизација во кој може да се верува.

„Кога ќе ги погледнам на светот од денешен аспект , сфаќам дека Владимир Путин е единствен заштитник на христијанската цивилизација на кој може да се верува“, рече Асад, пренесе Sputniknews.

Сирискиот лидер исто така рече дека ќе се повлече само ако побара сирискиот народ и сирискиот парламент, додавајќи дека прашањето за неговата оставка не е подигнато на меѓународно ниво.

Според него Франција не може сама да води борба против тероризмот, додека од другата страна постојат сојузници како Катар и Саудиска Арабија.

Досега повеќе од 220.000 Сирици ги изгубија животите во вооружените судири за речиси пет години.