Асад: Дамаск ќе ги исполни своите обврски од договорот за примирјето
Сирискиот претседател Башар ел Асад во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин потврди дека властите во Дамаск се подготвени да ги исполнат своите обврски од руско-американскиот предлог-договор за прогласување прекин на огнот меѓу владините сили и бунтовниците во Сирија, соопшти денеска Кремљ.
- Асад посебно ја нагласи подготвеноста на сириската Влада да работи на воспоставувањето на примирјето, се наведува во соопштението.
Како што јави ТАСС, Путин и Асад во телефонскиот разговор нагласиле дека е значајно да продолжи бескомпромисната борба против Исламската држава, Фронтот ал Нусра и остантите групи вклучени на листата на терористички организации на Советот за безбедност на ОН.
Според Асад, примирјето, што треба да стапи во сила во петок во 22 часот по Гринич (23 часот по средноевропско време), претставува „важен чекор кон политичко решавање на конфликтот“.
Сириските власти вчера соопштија дека го прифаќаат руско-американскиот предлог за прекин на огнот во Сиирја, но дека ќе продолжат со борбите против „терористичките групи“ како што се ИД и Ал Нусра.
Ново на Сител
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка