Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека му е жал што неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, минува низ лош период поради лошите резултати во последно време.
-Луѓето треба да зборуваат за тоа што го правеле девет години. Сите доживуваат турбуленции, но тие немале такви девет години. Тоа доволно зборува за средината во која се наоѓаме. Сè мора да биде совршено, бидејќи е многу тешко да се победи. Луѓето пребрзо забораваат што сте направиле добро, а кога ќе почнат лошите резултати, ние тренерите сме први на мета. Жал ми е што тој моментално минува низ пекол на некој начин, разбирам како се чувствува бидејќи и јас поминувам низ истите ситуации, како и многу наши колеги, изјави Артета.
Арсенал во сабота игра со Вест Хем, додека во недела во големото дерби се среќаваат Манчестер Сити и Ливерпул
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница