Арсовски: Секојдневно се случуваат убиства како на мафијашки филмови, за тоа е одговорна Владата
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на новинарско прашање околу убиството кое што вчера се случи во Бутел, истакна дека станува збор за човек со криминално досие кој е виден на повеќе слики на социјалните мрежи со лица од власта.
-Нема што повеќе да се коментира за ваква власт каде што секој еден криминалец во Република Македонија веќе тоа доби и поголема димензија криминалци во рамките на светот да се сликаат со лица од власта предводена од СДСМ. Изминативе неколку години откако СДСМ е на власт Република Македонија, конкретно Скопје стана арена за пресметки, пукање, убиства на криминални и мафијашки банди и нарко дилери, посочи Арсовски.
Она што го видовме вчера рече тој, на медиумите и социјалните мрежи е еден од убиените кој што има криминално милје е виден на повеќе слики со функционери на СДСМ, како што е Оливер Спасовски, Велимир Смилевски, Мухамед Зекири, Стево Пендаровски кој што е претседател на државата.
-Невозможно е овие луѓе секојдневно да биле во друштво на криминалци. Ова е потврда дека државата ја води нарко мафија, односно крими мафија. Секој еден криминалец е сликан буквално со секој од власта. Затоа ова мора да прекине, оваа Влада мора да сноси одговорност, бидејќи повеќе не се безбедни улиците за никого. Сред бел ден, попладне, навечер во време кога има голем број на луѓе низ улиците, во сред центар на градот се случуваат убиства како на мафијашки филмови. И за тоа е директно одговорна Владата која што го штити криминалот. Затоа оваа влада треба да падне, да одговара и да сноси политичка одговорност, изјави Арсовски.
Димче Арсовски, порпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар